Профил на фирмата

П.З.У. Поликлиника Д-р Ванчо - Вратница со четири организациони единици е основана 2007 год. со реорганизација на веќе постоечката П.З.У. Д-р Ванчо - Вратница во чиј состав работеше само една стоматолошка ординација.

Меѓутоа основата на оваа приватна здравствена установа датира од многу поодамна. Зачетоците во делувањето се во далечната 1988 год. кога со скромни средства и материјали, но со голем ентузијазам и квалитет во работата основачот ги започна првите чекори во стоматолошката дејност.

Со текот на времето самиот број на пациентите кој што постојано се зголемуваше укажуваше на тоа дека се работи за една квалитетна стоматолошка ординација која што во транзициониот период одеше во чекорот со времето.

Амбуланта во Вратница Поликлиника во Јегуновце Стоматолошка ординација
Амбуланта во Вратница Поликлиника во Јегуновце Стоматолошка ординација

Така денеска таа прерасна во една модерна приватна здравствена установа од поликлинички тип во која што функционираат стоматолошки ординации, одделение за орална хирургија, ординација по општа медицина и биохемиска лабораторија.

Во склоп на Поликлиника П.З.У. Д-р Ванчо - Вратница, од неодамна е отворена нова амбуланта за стоматологија, имплантологија и орална хирургија во центарот на Тетово.

Квалитетот на услугите што се добиваат и квалитетот на материјалите што се користат придонесуваат П.З.У. Поликлиника Д-р Ванчо - Вратница да биде во постојан подем и позитивен тренд на следење на модерните текови во областа на стоматологијата, оралната хирургија и општата медицина.